Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Започна со работа првиот модерен трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryf35vrh4r4fcl6GmMEkz

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на нов шопинг-центар во Гевгелија, оценувајќи дека инвестицијата претставува значајна додадена вредност за локалната економија и за развојот на регионот.

— реклама —

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека објектот има потенцијал да стане атрактивна дестинација за домашните и странските патници кои транзитираат низ земјава по Коридорот 10.

„Очекувам ова место да прерасне во точка што ќе ја посетуваат сите оние кои минуваат низ Македонија. Содржините што ги нуди се навистина импресивни, а дополнително се планира отворање на нови продажни места“, рече премиерот.

— реклама —

Тој нагласи дека близината до еден од најфреквентните сообраќајни правци во регионот претставува голема предност и можност за привлекување посетители.

— реклама —

Мицкоски упати благодарност до градоначалникот на Гевгелија за поддршката во реализацијата на проектот, како и до инвеститорот за вложувањето, оценувајќи дека развојот на приватниот сектор придонесува за зајакнување на државната економија.

„Колку повеќе расте и вреди вашиот бизнис, толку државата станува посилна. Тоа е двонасочна улица“, истакна премиерот.

— реклама —

Тој изрази уверување дека новиот шопинг-центар ќе придонесе за економски придобивки за Гевгелија и ќе понуди нови можности за посетителите и туристите кои минуваат низ овој дел од земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања