Промени тема
Контакт

Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
micotakis

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини. .

— реклама —

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

— реклама —

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

— реклама —

Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

micotakis

Мицотакис: Споровите во НАТО треба да се решаваат со дијалог, а не со закани

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryeo38nah4o6bt6aEXPsV

Децата под 15 години во Грција нема да можат слободно да користат социјални медиуми од 2027 година

Свет | пред 5 месеци

media-libraryf1jaltehs2kj3kWgZv1

Сопругата на Мицотакис доживеа несреќа во Италија, успешно оперирана

Свет | пред 7 месеци

micotakis

Мицотакис најавува продолжување на конструктивниот дијалог со Анкара

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања