Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Милевски: Скандалозна распределба на парите во спортот, Ристовски дели по кумови или по критериуми?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9cashdf23a9ofNaWttT

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт од СДСМ.

„Нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција.

— реклама —

Трета година по ред, Министерството не објавува листа на корисници, критериуми ниту методологија.  Како е можно некој да добива пари а да не нема информација врз основа на што?

— реклама —

Кога свесно се кријат информации од јавноста тоа е веднаш упатува на сериозни сомнежи.

— реклама —

Ристовски направил скандалозна и нелогична распределба на парите.

На пример, во категоријата индивидуални олимписки спортови, највисок износ на спортски субвенции добил спортски клуб од спортско качување, втор највисок износ е од триатлон а трет е од бадминтон. А спортовите со континуирани меѓународни резултати и олимписки настапи – како теквондо, атлетика, борење и скијање – се ПОМАЛКУ вреднувани.

Дополнително, особено индикативен е случајот во кој клуб кој е седмопласиран во ракомет и настапува во плеј-аут фаза добива поголема финансиска поддршка од шампион во кошарка кој учествува на меѓународни натпреварувања.

Ова е скандал со парите на народот.

Клубови без значајни резултати добиваат високи суми на пари. Олимписки спортови со докажани успеси се маргинализирани.   Седмопласиран ракометен клуб добива повеќе од шампион во кошарка со меѓународни настапи.

Дали причината се кумовските релации на Борко Ристовски и дали тие се поважни од критериумите кои ги заслужуваат спортистите.

Дополнително, ваквиот пристап претставува директна дискриминација на спортските клубови кои со години вложуваат труд, постигнуваат резултати и ја претставуваат државата на меѓународна сцена. Наместо поддршка, тие се казнети.

Очигледно се фаворизираат партиски блиски и клубови блиски до Ристевски и ВМРО.

СДСМ јавно бара:

•             Итно објавување на сите исплати по клубови и спортови  како и врз основа на кои критериуми добиле пари.

•             Државниот завод за ревизија да спроведе ревизија за последните две години на финаниското работење на Ристовски.

•             Државна комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за утврдување судир на интереси.

Незаконско работење, злоупотреба на јавни средства и фаворизирање не смее да се дозволи.

Одговорност мора да има. Спортот не смее да биде приватна каса на ВМРО-ОКГ ниту на Ристовски“, додава тој.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjc9rqh3moa04cV62ldg

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски, вели Милевски

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhvejg0t3tqvfe2GH79i

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

Македонија | пред 6 месеци

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања