Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски, вели Милевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryjc9rqh3moa04cV62ldg

Претседателот на ОО на СДСМ во Карпош, Панче Милевски – Панта, побара итна вонредна седница на Советот на Општина Карпош по, како што наведе, повлекувањето на градоначалникот Сотир Лукровски.

На прес-конференција, Милевски обвини дека општината се соочува со застој, нефункционалност и институционален хаос.

— реклама —

„Општината е закочена, проектите стојат, а граѓаните се оставени без одговори“, изјави Панче Милевски – Панта.

— реклама —

Тој тврди дека Лукровски се повлекол бидејќи не сакал да потпишува документи поврзани со, како што рече, „сомнителни новоградби, легализација на дивоградби и финансиски трансфери“.

— реклама —

Од СДСМ поставија прашања дали е загрозено функционирањето на општината и дали се доведени во прашање платите на вработените.

Милевски оцени дека, доколку градоначалникот не е подготвен или способен да ја води општината, „единствено чесно решение е оставка и распишување вонредни локални избори“.

„Карпош не смее да биде жртва на политичка суета, неспособност и бегање од одговорност“, порача Панче Милевски – Панта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9cashdf23a9ofNaWttT

Милевски: Скандалозна распределба на парите во спортот, Ристовски дели по кумови или по критериуми?

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhvejg0t3tqvfe2GH79i

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

Македонија | пред 6 месеци

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања