Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Се кратат парите, со Борко и криминалната ВМРО македонскиот спорт оди кон пропаст“, влеи Милевски-Панта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryn338qvuopunabvtp6Pw

На прес-конференција, Панче Милевски-Панта од Комисијата за спорт на СДСМ обвини дека Владата продолжува да ја намалува финансиската поддршка за македонскиот спорт, посочувајќи дека во новиот буџет се предвидени помалку средства за спортистите, спортските федерации и инфраструктурата.

Милевски изјави дека субвенциите се намалени за 20 отсто, од 5,6 на 4,5 милиони евра, додека средствата за спортска инфраструктура се скратени за 30 отсто – од 230 на 160 милиони денари.

— реклама —

Според него, намалена е и поддршката за федерациите и спортските објекти, што, како што оцени, ќе значи помалку можности за клубовите и младите спортисти и полоши услови за тренинг.

— реклама —

Милевски упати критики и кон министерот за спорт Борко Ристовски, обвинувајќи го дека повеќе внимание посветува на промоции и јавни настапи отколку на развојот на спортот.

Тој отвори и прашање за самофинансирачката сметка, чии средства поврзани со надоместоците за спорт се зголемуваат од 270 на 370 милиони денари. Побара од Ристовски да објасни за што ќе бидат наменети парите и според кои критериуми ќе се распределуваат.

— реклама —

Дополнително, средствата за стоки и услуги се зголемуваат за 25 отсто, што според СДСМ покажува дека се кратат парите за спортистите и инфраструктурата, додека растат трошоците на Министерството.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека спортот не е приоритет на Владата и бараат поголема поддршка за спортистите, клубовите и федерациите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylp4j5lqvojp40tJbire

„Не се знае каде е Сотир Лукровски, СДСМ бара предвремени локални избори во Карпош“, вели Милевски

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryjc9rqh3moa04cV62ldg

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски, вели Милевски

Македонија | пред 6 месеци

media-library9cashdf23a9ofNaWttT

Милевски: Скандалозна распределба на парите во спортот, Ристовски дели по кумови или по критериуми?

Македонија | пред 7 месеци

media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања