Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Минатата година подигнати речиси 22 000 кубни метри отпад од диви депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryn74kk91m75jl1n6iQCa

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.

— реклама —

„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на  булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачи 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.

— реклама —

ЈП Комунална хигиена-Скопје нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје“, се вели во соопштението од претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhmd5s32dgl639WoaqjK

Комунална хигиена расчисти 11.000 тони отпад во февруари и санкционираше прекршители, најмногу записници во Чаир

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 2 седмици

media-library5hcs1qvciere5TC6Cu2

56 записници за неправилно фрлање отпад во јануари

Скопје | пред 1 месец

media-libraryn49c79k64cl47R4f47j

Се чисти без координација: Скопје преполно со отпад, „Комунална“ се пофали дека работела

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања