Се чисти без координација: Скопје преполно со отпад, „Комунална“ се пофали дека работела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryn49c79k64cl47R4f47j

Во текот на вчерашниот ден и ноќ, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје собра и транспортираше 350 тони комунален отпад, соопштија од претпријатието.

— реклама —

Активностите биле спроведени на повеќе локации, меѓу кои булеварите Гоце Делчев, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и улиците Даме Груев и Џон Кенеди. Чистење имало и во делови од општина Аеродром.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека и покрај апелите, сѐ уште немаат добиено одговор од градоначалниците на скопските општини за тоа каде го одлагаат отпадот што тврдат дека го собираат.

— реклама —

„Во текот на денешниот ден не беше забележано подигнување на отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности“, велат од „Комунална хигиена – Скопје“.

Јавното претпријатие апелира до локалните власти да воспостават јасна координација со Градот и институциите, со цел да се надмине кризата со сметот што веќе предизвикува сериозни хигиенски и здравствени последици за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjggcf0j684e95lxcmQB

„Сејф сити“ да казнува и за фрлање на отпад преку прозорец, бараат над 1.000 граѓани преку интернет-петиција

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Од 22 до 6 часот без смет: Комунална хигиена ја тестира новата мерка во Скопје

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryompq4tn9s3m58aYsUQ1

(Видео) Скопскиот татко по 72 часа мандат: Собрано петпати повеќе ѓубре од тоа што вообичаено се собира за викенд

Скопје | пред 2 месеци

media-library223hi7842ffi8DYsLt0

Десетици казни за фирми поради неправилно одлагање на отпад

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања