Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Минчев: СДСМ денес е окупирана партија, Заев и Филипче се водат од лични интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarypbth5ohsfoabdg4l4Dt

Во интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, даде јасен и принципиелен осврт на состојбите во СДСМ, партија во која политички израснал и во која, како што истакнува, со години вложувал искрена и целосна посветеност.

„СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“ - нагласи Минчев.

— реклама —

Тој оценува дека денешната СДСМ суштински се разликува од партијата каква што била во минатото, посочувајќи дека во изминатата деценија го изгубила кредибилитетот кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот интерес.

„За жал, СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст“ - вели Минчев, потенцирајќи дека ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќи
ја предвид историската улога што СДСМ ја имала во државата.

— реклама —


Осврнувајќи се на можноста за евентуално обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев е дециден дека такво сценарио не е можно без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност.

„Не можете да се обедините со некого кој не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сe уште се бранат, релативизираат или премолчуваат“ - истакна тој.

— реклама —

Според Минчев, ова не е прашање на лични односи, суети или политички калкулации, туку исклучиво прашање на принципи.

„Ова е прашање на принципи. А принципите или ги имаш, или ги немаш. Тие не се ставаат во заграда кога е тешко, ниту се тргува со нив кога политички одговара“ - порача Минчев.

— реклама —

Тој подвлекува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.

Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија останува отворено за сите граѓани кои веруваат во чесна, директна и принципиелна политика, со јасен став дека без одговорност и суштинска промена нема простор за компромиси со старите практики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 4 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања