„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерката за финансии најави покачување на платите на вработените во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5070

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид најави дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

— реклама —

,,Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството.", истакна таа.

Одговори и за обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства кои биле планирани и од страна на сега опозициската партија.

— реклама —

,,Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти.", вели Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dimitrieska-kocoska

Димитриеска-Кочоска убедува: Трезорот работи, Буџетот е во одлична кондиција

Македонија | пред 1 седмица

kocoska

Владата со еврообврзница од 950 милиони евра ќе го финансира јавниот долг за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

media-libraryieo3aaf5fg127Sj0fII

Средба на Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Македонија | пред 2 месеци

kocoska

Пратеничките се скараа пред 8 март, министерката за финансии не сака да се извини

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања