Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
sestra

Премиерот Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу посочија сомнителни практики кај дел од здравствените работници, кои преку прекумерни дежурства и дополнителна работа си ги зголемувале примањата. Алиу наведе дека има лекари со плати над 10.000–12.000 евра и дека случаите ќе се решаваат институционално. Анализите покажале дека во 7 клиники вработени работеле до 41% дополнителна дејност, над законскиот лимит од 20%. Ќе се споредуваат податоци и со приватните установи, ќе се бара ажурирање на листите на чекање и можни ограничувања за приватна работа додека се намалат листите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски, на вчерашните пратенички прашања во Собранието, рече дека има одредени здравствени работници кои преку сомнителни практики си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.

— реклама —

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека има лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата, т.е. околу 12.000 евра (700.000 денари), и дека и како Министерство за здавство и како Влада ги знаат институциите, која како делува.

— реклама —

„Значи имаме, и повеќе од 10.000 евра, имаме 700.000 денари плата, тоа е 12.000 евра и повеќе. Дозволете административно да го завршиме процесот, ние веќе имаме информации, веќе ги знаеме институциите, која институција како делува. Дозволете тоа да не биде на прес-конференција, туку институционално да го решиме, бидејќи тука повлекува и други административни и законски процедури коишто не би смеел јас како министер денеска да ги кажам, бидејќи ќе го загрозам процесот кој треба да се одвива. Идејата не е да направиме спектакл од здравството, туку да го спречиме тоа и да креираме систем кој ќе биде во кондиција да може да опслужи во реално време и без злоупотреби на нашите граѓани“, вели Алиу.

— реклама —

Алиу рече дека за секоја институција има податоци колку вработени имаат, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат и дали се во согласност со законските предвидени ограничувања.

„Анализите покажаа дека во некои институции, вкупно 7 клиники има вработени кои работат и до 41% дополнителна дејност, иако законскиот лимит е 20 отсто и додаде:

Ќе бараме од приватните здравствени институции да видиме таму колку нашите вработени во државните здравствени институции трошат време. Тоа е процес којшто мора да се компарира, процес којшто трае и, морам да бидам искрен, процес којшто има препреки во процесот бидејќи со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци. Ви кажав, еве за жал, ако влезете сега во листа на чекање ќе видите институции коишто не ажурираат податоци, а законски мора да го направат тоа. Тоа е тоа, мора да се смени менталитетот и затоа ќе работиме паралелно и на законски решенија и на терен со нашите органи коишто имаат надлежност за тоа“, кажа министерот.

Правиме и друга анализа, дали ќе дозволиме, колку ќе дозволиме, ќе зависи од потребата. Значи ако листата на чекање во една институција е голема, нема да може да работите во приватна институција додека листата не се намали. Правиме таква компарација и ако треба, ќе направиме и друг протокол за измена“, рече Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 5 часа

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 7 часа

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

media-library2np53pfgdvvafrcVdJN

Алиу: Органодарителството е врвен чин на човечка солидарност

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања