Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Министерството за правда: Протестот има политичка позадина и манипулација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryvrirp2415dn9bH9aytS

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за правда го потврдува правото на протест како фундаментално демократско право, но како што велат изразуваат загриженост за обиди за политичка манипулација на денешниот собир.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог.

Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.

Особено загрижува улогата на одредена  опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести .Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација  преку поттикнување на чувствителни  прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели.

Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја  на денешниот протест што дополнително упатува на  демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок.

Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит,Министерството за правда уште еднаш  потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем.

Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување на фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.

Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите“, велат од Министерство за правда.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytifdc02pruhadPzXqGy

ДУИ: За Шасивари скандалите немаат крај. Според него, единствен правен јазик е македонскиот јазик

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarychnerospkash5j7nNgr

За Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryclbk5k1p1n9v20lr4SZ

(Видео) Ќе има протести, ако нема правосуден на албански: Немам ништо против македонскиот, но јас живеам во моја татковина и ми следува да зборувам албански

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytatgf5tcicanb0zZOHv

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените поврзани со полагањето на правосудниот испит

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања