Промени тема
Контакт

Министерството за транспорт предлага измени за побрза урбанизација и нови инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.

„Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.

Имено, со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку  Министерството за транспорт.

— реклама —

Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика,  државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови.  Исто така со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.

— реклама —

Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките.

Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни.

— реклама —

Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на решенија кои создаваат брз економски развој и поквалитетни услови за живот за граѓаните“, информираат од Министерството за транспорт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc8pajtj146njapUPylA

Кражба од околу пет милиони евра ја остави електровлечната подстаница во Драчево целосно уништена

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryed8ujnij040u3EV70j7

Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysm1oqu8tpkivevU6sTi

Николоски: ЕУ целосно не подржува за реализација на големите инфраструктурни проекти, заедно градиме автопатшта и железница

Македонија | пред 4 месеци

media-library6hfm7kh239b52qDgz9j

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања