Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryed8ujnij040u3EV70j7

Во соопштение од Министерството за транспорт се наведува дека изградбата на Коридорот 8 се одвива со силна динамика и во делот на патната и железничката инфраструктура.

— реклама —

Во соопштението се пренесува дека вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакнал оти роковите за изградба на пругата кон Бугарија остануваат непроменети, согласно договорената динамика.

— реклама —

„Очекувам не подоцна од десетина дена од денеска да излезе тендерот за изградба, за да можеме во текот на летото да започнеме со градежните активности за третата фаза од пругата кон Бугарија“, се наведува во соопштението со изјава на Николоски.

— реклама —

Во него се додава дека работите на делницата од Бељаковце до Крива Паланка се одвиваат со забрзано темпо по надминување на претходни предизвици, додека за изградбата на заедничкиот тунел со Бугарија ќе продолжи соработка меѓу двете страни, стои во соопштението.

— реклама —

„Рокот за завршување на пругата останува ист – 2031/2032 година“, стои во соопштението.

Министерството информира и дека во западниот дел од Коридорот 8 постои подготвеност за доизградба на пругата, но дека е потребна и координација со соседните земји, особено Албанија.

Дополнително во соопштението се наведува дека патните делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани се реализираат согласно планираната динамика, а за останатите проекти се очекуваат следни фази во постапките за избор на изведувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysm1oqu8tpkivevU6sTi

Николоски: ЕУ целосно не подржува за реализација на големите инфраструктурни проекти, заедно градиме автопатшта и железница

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Министерството за транспорт предлага измени за побрза урбанизација и нови инвестиции

Македонија | пред 1 месец

media-library6hfm7kh239b52qDgz9j

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Македонија | пред 1 месец

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања