Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мирјана Најчевска: Да се вклучи и војската за расчистување на Скопје, градот е пред здравствен колапс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
media-library881oik02mtk1fCXqCQK

Професорката Мирјана Најчевска остро реагираше на хаосот со сметот во Скопје, предупредувајќи дека ситуацијата одамна ја надминала општинската рамка и прераснала во сериозен јавноздравствен проблем на државно ниво.

— реклама —

„Не е проблемот само во Општина Центар, туку на територијата на цел град, и навистина ме интересира каде ќе се носи сето собрано ѓубре. Во околината на Скопје нема ниту една безбедна депонија направена според стандардите, ниту пак друг начин – како инценератори – за справување со ѓубрето кој ќе ги заштити граѓаните“, вели Најчевска.

— реклама —

Таа посочува дека властите ги „лажат и замајуваат“ граѓаните без никаква стратегија, а дека управните и надзорните одбори се претвориле во партиски награди.

„Вашите пулени седат во управните и надзорните одбори, земаат пари без знаење, одговорност, ниту пак претстава зошто се таму“, додава професорката.

— реклама —

Најчевска изработи и план во шест чекори за справување со кризата:

— реклама —
  1. Ангажирање на сите расположливи сили, вклучувајќи ја и армијата, за итно расчистување на сметот од улиците.

  2. Ставање на ЈП „Комунална хигиена“ под директна управа на Владата и обезбедување средства за стабилно функционирање.

  3. Раскинување на сите договори со актуелните управувачи на депониите.

  4. Формирање стручен тим што ќе изработи национален план во три насоки –
    • изградба на депонии според највисоки стандарди (60% капацитет),
    • изградба на инценератори (30%),
    • развој на систем за рециклирање (10%).

  5. Разрешување на сите членови на управните и надзорните одбори.

  6. Поведување кривични постапки против сите одговорни, почнувајќи од претседателот на Советот на град Скопје.

„Градот е во состојба на аларм, а властите се однесуваат како да нема проблем. Време е Владата да ја преземе одговорноста“, порача Најчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања