Промени тема
Контакт

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.

Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акции досега.

Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека создале лажна слика кај граѓаните и инвеститорите дека преку бизнисот со марихуана може брзо да се дојде до богатство и економски напредок.

— реклама —

„Тоа беше економската политика на претходната влада која ги натера луѓето да веруваат дека преку ноќ ќе станат милионери. Наместо трансформација, добивме тешка и мачна состојба која директно ги загрозува младите генерации“, изјави премиерот.

Според него, акцијата на Министерството за внатрешни работи, која веќе е во тек, има за цел целосно да го пресече нелегалниот промет, складирање и извоз на марихуана. Тој истакна дека се работи за огромни количини кои биле пласирани на незаконски начин, со вклученост на правни субјекти и од земјата и од странство.

— реклама —

„Не станува збор за неколку килограми, туку за десетици тони материи. Констатирани се незаконски односи меѓу домашни и странски фирми“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Премиерот побара целосна одговорност од креаторите на, како што ги нарече, погрешните и опасни политики од минатото, потенцирајќи дека последиците од ваквиот систем се катастрофални за целото општество.

Според најавите, граѓаните наскоро ќе имаат увид и во официјалните бројки и податоци од Министерството за внатрешни работи, кои, како што рече Мицкоски, ќе ја потврдат „катастрофалната состојба“ што актуелната власт ја наследила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања