Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Митески: За прв пат во општина Аеродром во исто време се градат основно училиште, градинка и спортска сала, нешто што до сега не се случило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library36jd3u8uvlrtaxQnxkf

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, рече актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

— реклама —

„Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот“, рече Митески.

— реклама —

И покрај овие блокади и несоработка, Митески потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.

— реклама —

Во гостувањето се зборуваше и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.

— реклама —

„За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив“, истакна Митески.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2dunjntsvfpheTmbtZ0

Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

Македонија | пред 5 месеци

media-library3vs6ocnub4qm1OowvLa

Митески: Аеродром самоиницијативно работи на собирање на отпадот, дополнително ги зајакнуваме нашите комунални служби

Македонија | пред 5 месеци

media-library97djs7cs34eu6YvmrcM

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања