Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library2dunjntsvfpheTmbtZ0

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, кој на самиот почеток дискутираше за актуелната тема денес, односно за приведувањето на директорот на Комунална хигиена како и раководителот во претпријатието, заради непостапувањето со ѓубрето во Скопје.

Митески истакна дека општина Аеродром со помош на околните општини во Скопје, успеала да го собере целиот отпад во Аеродром, и дека повеќе од 600 тони отпад биле депонирани во Дрисла.

— реклама —

„Денеска она што го гледаме како исход на кривичната пријава којашто е поднесена токму од страна на општина Аеродром, и од мене како градоначалник против одговорните лица во Комунална хигиена Скопје, само ја потврдува тезата којашто ја говоревме во изминатиот период, дека ние како граѓани плаќаме во Комунална хигиена меѓутоа не ја добиваме услугата којашто треба да ја испорача. Во текот на изминатава недела како општина со помош на околните општини од градот Скопје, Илинден, Зелениково, Сопиште, Петровец, успеавме да го собереме целиот отпад којшто се наоѓаше покрај контејнерите, повеќе од 600 тони отпад депониравме во депонијата Дрисла“, рече Митески.

Митески објасни дека општина Аеродром ангажирала соодветна механизација од околните општини, со цел сметот да не остане на улиците, како резултат на непостапувањето и нефункционирањето на Комунална хигиена.

— реклама —

„Моравме интервентно да преземеме чекор да го исчистиме оној отпад којшто се создаде а не беше собран повеќе од 10 дена од страна на Комунална хигиена. Во изминатиот период ние ангажиравме механизација од околни градови, поради  нефункционирањето на Комунална хигиена, се со цел да не го оставиме сметот на улиците, туку да го собереме. Ова е последица на непостапувањето на јавното претпријатие, и како општина и како институција нема да дозволиме да останеме нем сведок на она што се случува, прв бев што поднесов кривична пријава по која денеска постапува обвинителството“, објасни Митески.

Митески посочи дека поради неизвршувањето на обврските од страна на претпријатието, општината нашла соодветни алтернативни начини за решавање на проблемот со отпадот.

„Ако оној чиј примарна цел тоа да го врши, оној на којшто му плаќаме сите ние, не го врши, тогаш ние мора да се снаоѓаме со алтернативни начини. Меѓутоа мора да знаеме дека тоа општината ја чини дополнителни пари, едно собирање отпад во изминативе денови и депонирање во Дрисла, кошташе повеќе од 50 илјади евра дневно, тоа се пари коишто наместо да бидат наменети за потреби на граѓаните, ние ги трошевме за собирање на отпад, работа за којашто Комунална хигиена Скопје наплаќа“, рече Митески.

— реклама —

На крај Митески се осврна на темата за вториот круг на локалните избори и посочи дека СДС станува трета партија, и дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Добивме како ВМРО-ДПМНЕ најголема поддршка на овие локални избори во Аеродром со огромна предност пред останатите политички партии, мене навистина ми е жал што СДСМ веќе е и трета партија, во Советот на општина Аеродром добивме мнозинство со 15 советници, а бројот на советници на СДСМ падна на 5, тоа значи дека и тука ја губат поддршката од страна на гласачите и верувам дека уште еднаш ќе се потврди онаа разлика којашто ја имавме во првиот круг, со сериозна можност за зголемување на разликата, имајќи предвид дека граѓаните се повеќе препознаваат и даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на мене како градоначалник, она што го работиме го работиме во интерес на граѓаните“, дециден е Митески.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 19 часа

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања