Промени тема
Контакт

Митески: Аеродром самоиницијативно работи на собирање на отпадот, дополнително ги зајакнуваме нашите комунални служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library3vs6ocnub4qm1OowvLa

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ Дејан Митески, кој на почетокот истакна дел од приоритетните проекти на изборната програма и посочи дека за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом.

— реклама —

„Ние како сериозна политчка партија излеговме со сериозна програма, којашто ја презентиравме пред граѓаните, програма којашто опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, тоа е за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во културата сите генерации во Аеродром, рече Митески и додаде:

„Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект којшто ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, којашто опфаќа низа на проекти што значат подобрување на парковите и ќе воведеме една обврска којашто многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела, проект за враќање на парите кон граѓаните го насловивме како твој денар-твој проект, кадешто граѓаните преку директно учество ќе можат да одлучуваат со данокот што го плаќаат, кои проекти ќе можат да ги реализираат, нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово и во Мичурин и нова детска градинка во Лисиче“.

— реклама —

Во врска со актуелната тема деновиве за зголеменото количество на отпад во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека како општина самоиницијативно се работи и дневно се депонира повеќе од 10 тони отпад.

— реклама —

„Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, сликата жалосна е во цело Скопје, и за жал тоа е нешто што е работа на градот Скопје, како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За прв пат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад,  понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за прв пат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 5 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 5 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања