Промени тема
Контакт

Митева: Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас - Соларна електрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5127

,,Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија.

Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис.

— реклама —

Имено во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.

Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција.

Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија.

— реклама —

За да видиме како се брзало да се изгради соларната централа додека е СДС на власт, ќе се потсетиме на наводите кои ги изнесе ИРЛ во нивно големо истражување. Имено според податоците кои ги објавија прв сопственик на земјиштето била фирмата „Панама резорт“ од Скопје. Таа во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првичната намена била да се изгради винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, оваа фирма да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче.

Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.

— реклама —

Бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно.

Вице Заев и Никола Филипче летале низ процедурите.

Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење. Иако праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.

— реклама —

Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата „Тотал инженеринг“ на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија „Фос имерас“, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена.

Ова е пример како СДС владееше, додека народот чекаше ред пред шалтер, браќата на Филипче и Заев летаа низ процедурите за изградба на соларна централа, бизнис од четврт милион евра годишно.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 2 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања