Промени тема
Контакт

Митева: Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Marija-Miteva-14.06.2022

,,Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес.

— реклама —

Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца биле доделени 300.000 денари во месец април оваа година. На Боречки клуб Тефејуз Скопје биле доделени 300.000 денари.

— реклама —
— реклама —

Листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста?

— реклама —

Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжкме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки.”, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 46 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања