Промени тема
Контакт

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5220

,,Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација.

Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани.

— реклама —

Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција.

Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори.

— реклама —

Што велеше Филипче - Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ.

— реклама —

Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета.

Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност.

— реклама —

Почитувани, за ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници.

ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 39 минути

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 44 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања