Промени тема
Контакт

Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Marija-Miteva-14.06.2022

,,Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада.

— реклама —

Станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение. Закон кој самите не го испочитуваа.

Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

— реклама —

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

— реклама —

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени.

Почитувани,

— реклама —

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, сакам да најавам дека новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди континуирана и системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и на учениците и на родителите и старателите. А квалитетот на образованието ќе биде меѓу врвните приоритети на кои силно ќе се посветиме.”, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 2 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања