Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Miteva-26.04.2022

,,Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме - поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони.

— реклама —

Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка.

— реклама —

Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

— реклама —

Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?

— реклама —

Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!”, изјави Марија Митева, портпарол и член ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 10 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања