Промени тема
Контакт

Митева: Нов концепт за образованието, нови наставни програми и инвестиции за развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А, за избори покрај реалноста која потврдува дека во Македонија никогаш не било полошо, ВМРО-ДПМНЕ нуди нова шанса за подобра иднина.

Новиот концепт за развој на образованието е нов развоен модел кој подразбира инвестиции во основното, средното и високото образование.

— реклама —
— реклама —

Во процесот на реорганизација на Владата каде што планираме фундаментални реформи кои ќе одговорат на современите текови, претшколската едукација односно градинките ќе ги вратиме онаму каде што припаѓаат, во рамките на министерството за образование и наука. Понатаму, новиот концепт за развој на образованието предвидува мотивација на наставниот кадар односно за секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата. Дополнително, како идна влада ветуваме дека политиките во ресорот образование ќе овозможат Македонија да има најмалку еден универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник. Исто така, ќе воведеме нови наставни програми за учениците, а ќе отвориме и три регионални центри за средно стручно образование. Конечно ќе ги изградиме ФИНКИ и ФФК и ќе ги подобриме условите во студентските домови кои со власта на СДС и ДУИ станаа симбол на нехуманост и катастрофални услови.

— реклама —

СДС и ДУИ го урнисаа образованието. Затоа важно е да ги поразиме, и време е за промени", вели Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања