Промени тема
Контакт

Митева: Скандалот со корупцијата во правосудството покажува дека СДС и ДУИ воспоставиле криминален систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Miteva-23.06.2022

,,Последните случувања со големиот скандал за земање на мито од 10 илјади евра од страна на судијата Наќе Гроргиев и второсомничениот јавен обвинител Иџет Мемети е само уште еден доказ дека во Македонија власта на СДС и ДУИ, наместо правен воспостави криминален систем.

Колку е огромен овој скандал потврдува и фактот што станува збор за кривично дело земање поткуп од судија и јавен обвинител, а истото противправно дејство е со единствен цел - обезбедување олеснителни околности за кривичен случај кој се води против поранешен градоначалник на Ново Село - Боро Стојчев.

Додека сите ние чекаме и бараат правда, одговорните за спроведување на правдата се први во криминалот.

— реклама —

Не залудно на сите мерења на јавното мислење довербата во судството, обвинителството и правосудниот систем во целина е на поразителни 1%, историски најниско ниво на доверба додека токму власта на СДС и ДУИ ги убедуваше граѓаните дека тие се европски фронт.

Ова е уште еден доказ зошто во Македонија нема систем, нема функционални институции, нема правда и со сигурност граѓаните немаат мир.

После откривањето на скандалот со корупција во највисоките редови во правосудството, логично се поставува прашањето дали овој случај со ексградоначалникот и митото од 10 илјади евра е единствен случај на овие два функционери во правосудството?

— реклама —

Дали и колку илјадници евра биле барани за случаите со финансиски криминали, трговија со дрога, убиства и слично за кои јавноста е сведок дека не видовме ниту право ниту правда?

Дали е точно дека во правосудството само во изминатите неколку години биле изрекетирани неколку милиони евра?

— реклама —

Колку накевци и иџетовци инсталираа СДС и ДУИ во македонското правосудство?

Остана да лебди и прашањето дали и колку длабоко пипците на судскиот октопод се раширени во системот и дали главата на тој октопод се всушност функционери на власта на СДС и ДУИ?

Затоа што, парата и правдата не одат заедно освен во криминализирано правосудство како ова на ДУИ и СДС.

— реклама —

Ова мора да има крај, мора да има одговорност и затоа ги повикуваме надлежните органи од почеток до крај, од првиот до последниот темелно да го истражат и овој, но и многу други случаи за кои има основано сомнение.

Само со силна посветеност во борбата со криминалот и корупцијата ќе ја направиме Македонија држава подготвена за Европската Унија и држава која обезбедува подобар живот на сите наши граѓани.

Одговорност мора да има подеднакво за сите!", изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 45 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања