Промени тема
Контакт

Митева: Венко Филипче не одговори зошто ја сокри фирмата во Петрич од анкетниот лист, што се крие на таа адреса?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Miteva-23.06.2022

,,Во наредните неколку денови ќе изнесеме сознанија во јавноста за бизнис поврзаноста на Заеви и Филипче, ќе расветлиме дали Венко Филипче е претседател на СДС за да може полесно да управува со мрежата фирми од Бугарија преку Петрич и Струмица до Скопје, како семејствата на Заеви и Филипче влегувале во милионски бизниси додека тие биле на функција и како се поврзуваат со фирми со сомнителни дејности. Напоменуваме дека сите овие сознанија веќе беа изнесени во јавноста од ИРЛ, но Венко Филипче и СДС избегнаа секакви одговори.

— реклама —

Се започнува од тоа што Венко Филипче избегна да одговори на наводите дека во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија ја сокрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа истражувачките новинари. Од овде се одмотува клопче тешко милиони евра.

— реклама —

Потенцираме дека Венко Филипче не сподели со јавноста дека по завршување на министерувањето одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности, а со таа намена во ноември 2022 ја регистрирал компанијата ПАУЪР АЙ8 (POWER i8 Ltd) во соседна Бугарија. Со адреса на улица „Гоце Делчев“ број 12 во Петрич, на 18 ноември 2022 година ја формирал фирмата, а првата запишана дејност на фирмата во која Филипче е единствен сопственик и управител е купување, изградба и продажба на недвижнини, но потоа се наведени уште неколку други дејности во кои може да работи компанијата.

По парламентарните избори на 8-ми мај 2024, на кои Венко Филипче стана пратеник на СДС доби обврска да го пријави својот имот во ДКСК, недвижен и движен имот, сопствеништво и секаков друг имот. Филипче, до последниот рок за поднесување анкетен лист не ја пријавил фирмата во Бугарија.

— реклама —

Зошто велиме дека Филипче е клучен во бизнисите на Заеви и дека со таа цел е на чело на СДС? - Имено на истата адреса со фирмста на Филипче се водат повеќе компании во сопственост на братот и братучедите на поранешниот премиер – Вице, Трајче и Бобан Заеви. Поточно кажано Филипче се вселил кај Заеви.

— реклама —

Зошто Венко Филипче не ја пријавил фирмата во Бугарија во својот анкетен лист? Што сака да сокрие Венко Филипче и крие ли извесна адреса која се поврзува со други фирми? Дали Филипче е дел од шема на фирми кои правеле милиони? На овие и многу други прашања ќе дадеме одговори на следните пресконференции.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 2 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања