Промени тема
Контакт

Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, СДС е во идентитетска криза и паника од прашањето за предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydu3vl33kjse75wgCPIH

Портпаролката на Владата, Марија Митева во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се одржат, но оцени дека во моментов државниот интерес бара фокус на реформите и инвестициите наместо нов изборен циклус.

Митева рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и е посветена на реализација на владината програма и ветувањата дадени пред граѓаните.

„Ако го гледаме нашиот теснополитички интерес како ВМРО-ДПМНЕ, можеби би одлучиле и веќе утре да имаме избори согласно анкетите коишто покажуваат несомнена доверба“, изјави Митева.

— реклама —

Таа додаде дека според неа, предвремени избори би значеле дополнителни трошоци и губење време во година која, како што рече, е важна за реализација на инвестиции и реформи.

— реклама —

Митева упати критики и кон СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија се соочува со „идентитетска криза“ и нема јасна визија или кадровска подготвеност.

„Повеќе од очигледно е дека има сериозна паника во однос на делот дали би имало или би немало предвремени избори“, рече Митева.

— реклама —

Таа посочи и дека СДСМ не го поддржал укинувањето на техничката влада и излегувал од работни групи поврзани со реформската агенда, иако јавно се залагал за европска интеграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaa0ma9fk6v0v40EL5Sz

„Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби“, вели Митева

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryduot5sljr4d1e7OtTjU

Митева: Најголема вредност на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 36 години е што силата ја црпи од народот кој верува во идејата за самостојна, просперитетна и европска Македонија

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr8uao15tij5u5EgseUu

Митева: Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на раст и развој и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска

Македонија | пред 2 месеци

media-library2ufsu4vkb2cj3FeXWhv

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања