Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда“, вели Митева за изјавите на Богојески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarybisskeaeq51pfErKOXE

Владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, остро ги осуди изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“, оценувајќи ги како понижувачки и опасни.

— реклама —

Митева порача дека ваквите ставови претставуваат напад врз достоинството на жените, особено поради, како што посочи, релативизирањето на насилството во партнерските односи.

— реклама —

„Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда“, изјави Митева.

Таа нагласи дека заложбите на Унијата на жени преку иницијативата „За една повеќе“ се насочени кон создавање можности жените да бидат почитувани, слободно да одлучуваат, да создаваат и да напредуваат.

— реклама —

Митева оцени дека во современото општество нема простор за оправдување или премолчување на насилството врз жените. Истовремено, го отвори и прашањето за одговорноста на медиумите при отстапувањето простор за ставови што го поткопуваат човечкото достоинство.

— реклама —

Реакцијата следува по изјавите на Богојески, кои претходно беа осудени и од Либерално-демократската партија. Од таму побараа Владата јавно да се огради од ставовите за „машки надзор“ и оправдувањето на насилството врз жените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybisskeaeq51pfErKOXE

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaa0ma9fk6v0v40EL5Sz

„Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби“, вели Митева

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryduot5sljr4d1e7OtTjU

Митева: Најголема вредност на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 36 години е што силата ја црпи од народот кој верува во идејата за самостојна, просперитетна и европска Македонија

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr8uao15tij5u5EgseUu

Митева: Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на раст и развој и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања