Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб - кој ќе ја надомести штетата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
11-03-2021-Mitreski

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница постави пратеничко прашање до министерката за финансии, Гордана Кочоска, во врска со наодите од ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Митрески укажа на, како што наведе, сериозни забелешки во извештајот кои се однесуваат на доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, иако Фондот навремено ги пресметувал и доставувал налозите до Трезорот.

— реклама —

Според него, ревизорскиот извештај покажува дека, заклучно со периодот на ревизија, вкупниот долг за непрефрлени средства кон вториот пензиски столб изнесувал 2,6 милијарди денари, односно околу 44 милиони евра.

— реклама —

„Во законот јасно е наведено дека шесте проценти од придонесите што одат во вториот пензиски столб треба да бидат префрлени веднаш, но не подоцна од пет работни дена. Ревизорскиот извештај покажува дека овие средства стоеле во Трезорот и по два месеци, иако Фондот навремено ги доставил сите пресметки и налози“, рече Митрески.

Тој нагласи дека станува збор за средства на околу 600.000 граѓани кои се членови на вториот пензиски столб и дека секое доцнење директно влијае врз нивните идни пензиски заштеди и приносот што тие треба да го остварат.

— реклама —

„Не е исто дали 100 денари ќе бидат уплатени денес или по два месеца, бидејќи тие средства треба да носат принос. Ако нема надомест за доцнењето, тогаш губат граѓаните“, истакна пратеникот.

— реклама —

Митрески побара од министерката за финансии да одговори колкав надомест треба да биде исплатен поради ненавременото префрлање на средствата и дали Министерството ќе ја надомести евентуалната штета што ја претрпеле осигурениците.

Тој потсети дека законските одредби предвидуваат исплата на соодветен надомест во случај на доцнење на уплатите во вториот пензиски столб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ssj3gu86mf3dwWNJHS

Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
mitreski

СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител: „Одлуката е на обвинителот, а не на Собранието“

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања