„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител: „Одлуката е на обвинителот, а не на Собранието“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
mitreski

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител, бидејќи, како што изјави пратеникот и потпретседател на Собранието, Јован Митрески, интерпелацијата не мора да има правни последици и одлуката за натамошните чекори е во рацете на самиот обвинител.

— реклама —

– Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност, но тука зборуваме за човек од третата власт, судската власт, која по Устав треба да биде независна – рече Митрески на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека интерпелацијата не претставува одлука за разрешување, туку политички чин кој не е задолжително обврзувачки.

— реклама —

– Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не. Ако точката беше одлука за разрешување, ќе отворевме дебата дали сме задоволни или незадоволни од работата на обвинителот, согласно членот 63 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде јасно стои дека Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за разрешување – потенцираше Митрески.

Од СДСМ повторуваат дека остануваат на ставот за независност на обвинителството и ослободување од какво било политичко влијание.

– Јавното обвинителство мора да биде независно и сите одлуки мора да се носат согласно законот – изјави Митрески.

Осврнувајќи се и на изјавите на премиерот Мицкоски, Митрески рече дека во јавноста се отвораат легитимни прашања за конзистентноста на неговите ставови.

– Премиерот порано тврдеше дека постапката за разрешување е започната и нема запирање, а потоа по трагичниот настан во Кочани изјави дека нема да има разрешување додека не заврши истрагата, па дури и рече дека е задоволен од тоа како се води истрагата. Се поставува прашањето дали е навистина задоволен, кога во истрагата не се опфатени началници од Тошковски – рече Митрески.

Тој го искористи обраќањето и за директна порака до обвинителот.

– Господине јавен обвинител, вие го водите најтешкиот предмет за најголемата трагедија во поновата историја – пожарот во Кочани. Очекуваме вистинска, не селективна правда. Од вас зависи дали после гласањето за оваа интерпелација ќе бидете со штитот или на него. Одлуката е ваша – рече Митрески.

СДСМ, како што додаде, нема да учествува во постапка која нема обврзувачка правна тежина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања