Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Михаилоски: Загарантиран универзален приход со кој ќе се јакне финасискaта независност на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Плата за живот, грижа за менталното здравје на младите, Министерство за млади, општество без корупција, достоинствено домување - ова се дел од таргетите што Младината на Социјалдемократскиот сојуз ги постави како клучни стожери во Манифестот што го презентираше денес и за што отвори јавна дебата со граѓанските организации, меѓународни организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци.

— реклама —

Денеска во просторииите на Културно Социјалниот Простор - КСП Јадро се одржа промоција на Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија - СДММ. На настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, меѓународните организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци. Процесот на креирање на овој стратешки документ на СДММ беше поддржан од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг - Канцеларија во Скопје.

— реклама —

На настанот беше промовирана финална отворена верзија на Манифестот, а преку отворена и водена дискусија беа собрани дополнителни насоки и перспективи од учесниците, кои ќе бидат инкорпорирани во завршниот документ.

Инаку, процесот на креирање на овој Манифест траеше неколку месеци, каде млади поделени во 10 групи од различни области имаа можност директно да учествуваат во предлозите, идеите и заложбите заедно со ментори од граѓанскиот сектор, експерти и политичари.

— реклама —

Свое обраќање имаше претседателот на СДММ, кој воедно и го презентираше Манифестот:

— реклама —

„Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија претставува клучен стратешки документ, кој јасно ги покажува нашите заложби, перспективи и замисли за тоа во каква држава сакаме да живееме. Документот претставува заложба за безусловно почитување на човековите права за сите граѓани, за еднакви можности за квалитетен и достоинствен живот и просперитет, за борба за достапни квалитетни јавни услуги и сервиси за граѓаните – домување, здравство, образование, транспорт, кои мора да бидат универзално достапни за сите граѓани, а не само за оние со највисоки примања. Сите препораки кои произлегоа од денешната дискусија со граѓанскиот сектор, студентските претставнички тела и меѓународните организации ќе бидат инкорпорирани во финалниот текст на овој Манифест. Продолжуваме да работиме на создавање поинклузивно, посолидарно и поеднакво општество за нас, но и за генерациите што доаѓаат по нас. “ изјави Марко Михаилоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања