Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ММФ предупредува: Инфлацијата расте, кредитите би можеле да поскапат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Свет
mmf-960x528-1

Новите инфлациски притисоци на светските пазари би можеле да доведат до повисоки каматни стапки и поскапи кредити во многу земји. Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди дека нарушувањата во снабдувањето со енергенси и зголемената побарувачка за технологија поврзана со вештачката интелигенција ја поттикнуваат глобалната инфлација, која годинава се очекува да достигне 4,7 отсто.

„Ова бара затегнување на монетарната политика во многу економии“, изјави Георгиева на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, пренесува „Гардијан“.

— реклама —

Покрај последиците од војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со енергенси, дополнителен притисок врз цените создава и зголемената побарувачка за компјутерска опрема и други технолошки производи.

Доколку продолжи растот на инфлацијата, централните банки би можеле да посегнат по повисоки каматни стапки. Европската централна банка ги зголеми стапките во јуни, за првпат од 2023 година, американските Федерални резерви во септември, а Банката на Англија претходно овој месец.

— реклама —

Таквиот развој би значел поскапи станбени, потрошувачки и деловни кредити, како и повисоки месечни рати за граѓаните што отплаќаат заеми со променлива каматна стапка, зависно од условите во нивните договори.

Според октомвриските проекции на ММФ, просечната годишна инфлација во Македонија годинава се очекува да изнесува четири отсто. Фондот уште во јуни предупреди дека повисоките цени на енергенсите на светските пазари создаваат дополнителен притисок врз домашните цени на храната, производите и услугите. Сепак, предупредувањето на Георгиева не е најава за конкретно зголемување на каматните стапки во Македонија.

— реклама —

ММФ очекува глобалната инфлација во 2027 година да се намали на 4,1 отсто. Тоа не значи дека цените ќе поевтинат, туку дека ќе продолжат да растат, но со побавно темпо.

Георгиева посочи дека инвестициите во вештачката интелигенција, иако придонесуваат за инфлациските притисоци, истовремено го поттикнуваат економскиот раст и делумно ги ублажуваат последиците од нарушувањата во снабдувањето со енергенси. Опремата за вештачка интелигенција и сродните технолошки производи веќе сочинуваат повеќе од една десеттина од светската трговија со стоки.

— реклама —

„Ова е најбрзата трансформација во човечката историја“, изјави Георгиева, пренесува Асошиејтед прес.

ММФ прогнозира раст на светската економија од 3,1 отсто годинава и 3,4 отсто во 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mmf-960x528-1

ММФ очекува раст на светската економија, но предупредува на висока инфлација и јавен долг

Свет | пред 1 месец

— реклама —
penzioneri

Пензионирање на 72 години? Се разгледуваат промени во законот

Македонија | пред 4 месеци

mmf-1

ММФ: Банкарскиот систем во Македонија е стабилен и отпорен

Македонија | пред 5 месеци

media-library5h82b732du3r6tZYL5Q

ММФ предупредува: На Кина ѝ се заканува враќање на инфлацијата

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања