ММФ предупредува: Инфлацијата расте, кредитите би можеле да поскапат
Новите инфлациски притисоци на светските пазари би можеле да доведат до повисоки каматни стапки и поскапи кредити во многу земји. Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди дека нарушувањата во снабдувањето со енергенси и зголемената побарувачка за технологија поврзана со вештачката интелигенција ја поттикнуваат глобалната инфлација, која годинава се очекува да достигне 4,7 отсто.„Ова бара затегнување на монетарната политика во многу економии“,
Свет | пред 4 дена