Промени тема
Контакт

Многу дожд, но високи температури, во Скопје до 17 степени: Снег се очекува од понеделник на повисоките места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Според метеоролозите најмногу дожд вчера наврнало во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.

За денеска најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

— реклама —

Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. В петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

— реклама —

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

toplo-vreme-768x556

Жолт аларм во цела Македонија: Утре над 40 степени

Македонија | пред 1 седмица

toplo-vreme-768x556

Топлотен удар во Скопје: Бетонот ја задржува жештината, улиците остануваат празни

Скопје | пред 3 седмици

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Македонија во портокалова фаза: апел до граѓаните да ги почитуваат препораките

Македонија | пред 3 седмици

media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Голем временски пресврт во Европа, Балканот го очекуваат посвежи денови и невреме

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања