„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Многу вознемирувачко видео) Имиграциски агент убива жена, испукува неколку куршуми дирекно во глава: „Убијци, убијци!“, извикуваат бројни сведоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 часа -

Свет
media-library86q0ro3t99i9bMZWUIa
YouTube/Print Screen

Американски имиграциски агент уби 37-годишна жена во Минеаполис, што предизвика силна јавна реакција и остри политички судири, откако локалните власти ги отфрлија тврдењата на администрацијата на Доналд Трамп дека станувало збор за самоодбрана, пренесува Би-Би-Си.

— реклама —

Инцидентот се случил во средата околу 10:25 часот по локално време. Според Министерството за внатрешна безбедност на САД, жената, идентификувана како Рене Никол Гуд, била „насилна демонстрантка“ која се обидела со возилото да ги прегази агентите на Имиграциска и царинска служба. Од друга страна, градските власти тврдат дека станува збор за прекумерна и неодговорна употреба на сила.

— реклама —

Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат напната сцена на улица, со теренско возило што ја блокира сообраќајницата и присуство на демонстранти и полициски возила. На видеата се гледа како агентите се приближуваат до автомобилот, по што следува пукање. Воопшто не се гледа дека возилото навистина го удира агентот.

— реклама —
K9CJY5p0xz4

Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека жената со часови ги следела и попречувала службениците и дека се обидела да го „претвори возилото во оружје“, оценувајќи го инцидентот како чин на „домашен тероризам“. Таа наведе дека агентот испукал „одбранбени истрели“ и дека бил повреден, но по укажаната лекарска помош бил пуштен од болница.

Спротивно на тоа, градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј остро ја осуди постапката, нарекувајќи ја „безобѕирна употреба на моќ која завршила со смрт на лице“, и јавно побара федералните агенти да го напуштат градот.

Градскиот совет соопшти дека убиената жена само „се грижела за своите соседи“. И гувернерот на Минесота, Тим Волз, ја оспори официјалната верзија на федералните власти, порачувајќи дека државата ќе спроведе целосна, брза и независна истрага за да се утврди одговорноста.

media-libraryjoq3ecvi0riqe87RTIJ

Трамп: агентот бил прегазен
Претседателот Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека агентот на ИЦЕ бил „брутално прегазен“ и дека е чудо што преживеал. За инцидентот ја обвини „радикалната левица“, тврдејќи дека таа систематски ги напаѓа припадниците на службите за спроведување на законот.

Водечки демократи, меѓу кои и поранешната потпретседателка Камала Харис и лидерот на демократите во Претставничкиот дом Хаким Џефрис, изјавите на администрацијата ги оценија како манипулација.

Сведоштво и протести
Сведок на настанот, Емили Хелер, за Си-Ен-Ен изјави дека видела расправија меѓу агентите и демонстрантите, по што агент се обидел да ја отвори вратата од автомобилот на жената. Според неа, кога возилото почнало да се оддалечува, агентот пукал од непосредна близина.

Смртта на жената предизвика масовни протести во Минеаполис и во други американски градови, меѓу кои Њу Орлеанс, Мајами, Сиетл и Њујорк. Дел од протестите се одржаа во близина на местото каде што во 2020 година беше убиен Џорџ Флојд.

Јавните училишта во Минеаполис ја откажаа наставата до крајот на неделата поради безбедносни причини, откако федерални агенти наводно извршиле апсење во близина на едно средно училиште.

Зошто ИЦЕ е во Минеаполис
Во последните недели администрацијата на Трамп распореди дополнителни 2000 федерални агенти во регионот, како дел од операција поврзана со сомнежи за злоупотреби на социјална помош. Градоначалникот Фреј тврди дека присуството на ИЦЕ не ја зголемува безбедноста, туку создава страв и хаос и доведува до разделување на семејства.

Операцијата е дел од поширока кампања за спроведување на имиграциските закони, насочена кон лица со налози за депортација, меѓу кои и припадници на големата сомалиска заедница во градот, која Трамп и претходно јавно ја критикуваше.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Врховниот суд утре може да ги укине царините на Трамп, илјадници чекаат поврат на пари

Свет | пред 13 часа

Tramp-5-696x464

Трамп повторно шокира: САД излегува од 66 меѓународни тела и договори, не го интересира ниту климата

Свет | пред 22 часа

hag-sud

Повлекувањето на САД од Хашкиот механизам отвора прашања за иднината на пресудите за воените злосторства

Свет | пред 23 часа

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Трамп даде зелено светло за нови санкции кон Русија: Притисок врз Москва поради војната во Украина

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања