Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Модриќ не може да биде помошник на Мурињо во Реал Мадрид.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Спорт
media-libraryf88c1q3q9ttv5zJmXXm
screenshot youtube

Шпанската фудбалска федерација би можела да ја спречи можноста Лука Модриќ да стане помошник-тренер на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, доколку португалскиот стратег седне на клупата на „кралскиот клуб“, пренесуваат шпанските медиуми.

Според информациите, хрватскиот фудбалер во моментов не ја поседува потребната тренерска лиценца пропишана со правилникот на Шпанската фудбалска федерација, што го оневозможува да извршува функција на помошник-тренер.

— реклама —

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува на 30 јуни, а во последните денови сè погласни се шпекулациите дека по Светското првенство би можел да стави крај на играчката кариера.

— реклама —

Иако се споменува можност за враќање во Реал Мадрид во друга улога, засега не постојат услови тој да биде дел од стручниот штаб на евентуалниот тренер, Жозе Мурињо.

— реклама —

Модриќ важи за една од најголемите легенди на Реал Мадрид и е рекордер по бројот на освоени трофеи со клубот – вкупно 28. Според шпанските медиуми, претседателот на клубот, Флорентино Перез, и понатаму има високо мислење за хрватскиот ас и би сакал повторно да го види на „Сантијаго Бернабеу“.

Засега Модриќ не ги коментирал своите планови за иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf88c1q3q9ttv5zJmXXm

Лука Модриќ планира пензија по Светското првенство во 2026 година

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryf88c1q3q9ttv5zJmXXm

Динамо Загреб повторно сака да го врати Модриќ

Спорт | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања