Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
struga

„Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода“, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.

„Член 100 од Закон за минерални суровини презицира кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата со минерални суровини.

— реклама —

Од државен инспекторат при Министерство за животна средина и ПП, инспекторат во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини (претходно техничка инспекција) и секако како најповикани и НАЈПАРТИЗИРАНИ - ОЈО СТРУГА и Министерство за внатрешни работи.

Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР "не знаеле" и "не виделе" дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е ПРЕВЕНТИВНА (а не откако ќе се случи екоцид) - ама вработувањето на КЛАТОГЛАВЦИ го зема својот данок.

— реклама —

БОНУС прашање: ОЈО Струга официјално извести дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите". Зошто НЕ СЕ ОДЗЕМЕНИ машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини?!“, пишува Мојсоска.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 1 седмица

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Коментари | пред 2 седмици

media-librarytn8dqmtstehhaUyiQyx

Стружани да го исчистат просторот околу своите имоти, во спротивно Комунално ќе фактурира трошоци

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Товарно возило усмрти жена во Струга, возачот приведен

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања