„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Моќен еквадорски нарко-бос поврзан и со криминалци на Балканот екстрадиран во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Fito

Водачот на еквадорската банда Адолфо Масијас Виљамар, познат по прекарот Фито, е екстрадиран во САД, каде што ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност, каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела.

— реклама —

Kако што изјави неговиот адвокат за Ројтерс, Фито денес ќе се појави пред федералниот суд во САД, каде што ќе се изјасни за невин по меѓународните обвиненија за шверц со дрога и оружје.

Oсомничен e за нарачување на убиството на претседателски кандидат во 2023 година

— реклама —

Масијас беше водач на бандата Лос Чонерос, која има врски со моќни криминални организации од Мексико и Балканот. Тој е осомничен и за нарачување на убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Виљавиченсио во 2023 година.

Бандата Лос Чонерос е обвинета од многумина дека го претворила Еквадор од туристичка дестинација во една од земјите со највисока стапка на убиства во регионот.

Денес, повеќе од 70 проценти од светското производство на кокаин поминува низ еквадорските пристаништа. Земјата се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, двата најголеми извозници на кокаин во светот. Во јуни, полицијата го лоцираше Масијас во она што го опиша како подземен бункер под луксузна вила во градот Манта.

По апсењето, тој беше префрлен во затворот Ла Рока, објект со максимална безбедност. Во тоа време, еквадорскиот претседател Даниел Нобоа ги пофали безбедносните сили за неговото апсење и најави дека ќе биде екстрадиран во САД. Еквадорската затворска администрација (SNAI) објави дека Масијас бил изнесен од затвор вчера наутро и предаден на американските власти.

„Тој ќе се изјасни за невин“

„Масијас и јас ќе се појавиме утре пред федералниот суд во Бруклин, каде што тој ќе се изјасни за невин“, изјави вчера за Ројтерс неговиот адвокат, Алексеј Шахт. „После тоа, тој ќе биде пренесен во затвор што сè уште не е утврден.“

Граѓаните на Еквадор гласаа на референдум за дозвола за екстрадиција на нивните граѓани, по иницијатива на претседателот Нобоа, кој најави решителна борба против зголемената стапка на криминал. Во март оваа година, Нобоа во интервју за Би-Би-Си изјави дека сака армиите на САД, Европа и Бразил да му се придружат во војната против криминалните банди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања