Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Молдавија погодена од масовни прекини на струја поради проблеми во украинската мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryadhbgm8ncfakbh5DefH
Илустрација

Молдавија денеска беше погодена од масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради проблеми во електропреносната мрежа на соседна Украина, што остави делови од земјата, вклучително и главниот град Кишињев, без струја.

— реклама —

Според соопштението на молдавското Министерство за енергетика објавено на апликацијата Телеграм, пречките во украинската мрежа предизвикале пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите соопштија дека не работат ниту семафорите.

Истовремено, делови на Украина се соочуваат со вонредни прекини на струјата, метрото во Киев е привремено затворено, а водоснабдувањето во главниот град е нарушено. Експертите посочуваат дека украинската електропреносна мрежа со месеци е цел на руските напади, што во изминатите недели довело до значителни ограничувања во снабдувањето со електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

struja-2

Над 276 евра за мегават-час во дневните часови на унгарската берза

Свет | пред 2 дена

— реклама —
burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Прекини на електричната енергија во повеќе скопски општини

Скопје | пред 2 дена

struja-1

Прекини на струјата во Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Радишани

Скопје | пред 3 дена

struja-1

Гази Баба и Илинден денес со прекини на струјата: проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања