Промени тема
Контакт

„Монструмот Деко се криел, а нашите деца умирале“ – сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-06-14-at-19.21.55

Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, обвини дека Деко (газдата на „Пулс“ н.з.) ги оставил децата на милост и немилост при пожарот, а тој отишол во некаква скривница во објектот. Таа посочи дека вратата била затворена, а тоа одзело повеќе животи.

— реклама —
— реклама —

„Јас не знам зошто партиите преку медиумите кажуваат кој што и колку дал. Господ рекол кога левата рака дава, десната не треба да знае. И обратно. На нашите деца никој и ништо не им помогна, само помогнаа со тоа што им ја затворија вратата и што многу повеќе уништија. Да била вратата отворена, немало толку да бидат уништени и ќе се спасија. А не како оној монструмот Деко што се криел долу во скривницата, за да се спаси, а нашите деца ги оставил на милост и немилост“, рече Стојанова.

— реклама —
— реклама —

И на прес-конференцијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, „Скопје1“ праша дали вратата на објектот била затворена или не – а тој одби да одговори. Прашавме и дали во ОЈО-ГОКК ова ќе се испитува, но не добивме конкретен одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања