Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Несреќата во Илинден доби судска разврска: Возач на БМВ ќе одговара по смртта на мопедист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7djgeiaegpmg21sm8O4
Илустрација / Скопје1

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 23-годишниот А.С. од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Како што информираат од МВР, кривичната пријава се однесува на сообраќајната несреќа што се случила на 28 мај годинава, околу 23 часот, на улицата „34“ во населбата Илинден.

— реклама —

Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот А.С., и мопед управуван од 20-годишниот П.С., двајцата од населбата Илинден.

— реклама —

По судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош. Сепак, и покрај напорите на лекарите, тој на 1 јуни им подлегнал на повредите.

— реклама —

Од МВР соопштија дека против 23-годишниот скопјанец е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за кривично дело казниво по член 300 став 2, во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 17 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 17 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања