Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Морничава глетка на плажа на Паг: Ковчег исплива на брегот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
dubrovnik-more
Илустрација

Необична глетка ги вознемирила капачите на еден дел од хрватскиот остров Паг, откако покрај морето забележале – мртовечки ковчег. Фотографиите од призорот брзо се прошириле на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и прашања за тоа како предметот завршил на плажата.

— реклама —

Некои од корисниците биле згрозени од глетката, додека други во бизарната ситуација пронашле и доза хумор, па ковчегот го нарекле „единствената бесплатна лежалка на плажата“.

— реклама —

Сепак, мистеријата набрзо била разјаснета. Ковчегот всушност бил дел од реквизитите користени на годинашниот Пашки карневал.

Според традицијата, на крајот од карневалот се пали куклата „Марко“, која ги симболизира несреќите и проблемите од изминатата година. Во некои случаи, куклата се става во ковчег, кој потоа се запалува и се фрла во морето.

— реклама —

Се претпоставува дека силниот ветер и морските струи го однеле ковчегот подалеку од местото каде што бил фрлен, по што тој допливал до карпестиот брег кај плажата кај Прњица, во правец кон Катарелец.

— реклама —

Така, она што на прв поглед изгледало како морничава сцена, всушност било остаток од традиционалниот пашки карневал, кој поради морските струи завршил на сосема неочекувано место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 21 час

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 1 ден

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања