Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Москва гради нови „суперзатвори“ со повеќе од 20.000 места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
655-402-zatvor

Русија планира до 2035 година да изгради седум нови затворски комплекси со повеќе од 20.000 места, а еден од нив е предвиден на привремено окупираната територија на Херсонската област во Украина.

Според официјален документ на кој се повикува независниот медиум „The Moscow Times“, новите установи ќе обединуваат истражни затвори и поправни колонии со различни степени на безбедност. Од вкупниот капацитет, 5.380 места би биле наменети за истражни затвори, а 15.120 за поправни колонии.

— реклама —

Освен во окупираниот дел на Херсонската област, вакви затворски комплекси се планирани во Калушката, Астраханската и Тјуменската област, Република Бурјатија и Забајкалскиот крај. Првиот објект од ваков тип треба да биде отворен во Татарстан до 2030 година.

— реклама —

Според пресметките на руското Министерство за правда, затворите од мешан тип би требало да ги намалат трошоците за сместување на затвореници и осомничени лица за 25 до 30 отсто.

Рускиот министер за правда Константин Чујченко претходно најави дека во новите установи, кои ги опиша како „суперзатвори“, ќе се применуваат современи организациски и инженерски решенија, вклучително и информатички технологии, како и дека ќе се обезбедат соодветни услови за работа на персоналот.

— реклама —

Шефот на Федералната служба за извршување на казните, Аркадиј Гостев, посочи дека во Русија од 1984 година не е изградена ниту една нова поправна колонија.

Најавата за изградба на нови установи доаѓа во период кога руските власти активно регрутираат затвореници за учество во војната во Украина, меѓу кои и лица осудени за тешки кривични дела.

Во исто време, според достапните информации наведени во извештајот, украинските воени заробеници се држат во нехумани услови, со наводи за тортура и недостиг на потребна медицинска помош, што претставува кршење на меѓународното хуманитарно право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 7 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 10 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања