Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Москва остро на изјавите на Трамп: „Русија не е тигар од хартија, туку вистински мечка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Вчерашните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина може да ја врати целата територија под руска окупација предизвикаа силни реакции кај руските функционери и пропагандисти.

Трамп, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, порача дека Киев со поддршка од ЕУ е во позиција да се бори и да ја врати целата земја.

„Русија веќе три и пол години се бори бесцелно. Тоа ја прави да изгледа како тигар од хартија“, изјави Трамп.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли ваквите споредби, нагласувајќи дека изјавата е поттикната од разговорите на Трамп со Зеленски и „бизнис интереси“.

„Русија никогаш не била тигар. Симболот на Русија отсекогаш е мечката. А нема такво нешто како мечка од хартија“, рече Песков.

— реклама —

Поранешниот претседател Дмитриј Медведев, познат по провокативните изјави, оцени дека американскиот лидер „живее во алтернативна реалност“.

„По средбата со кловновите од Киев и Париз, објави живописен пост. Во таа нова реалност, Украина победува, а Русија е распарчена. Но тој секогаш се враќа, и веројатно ќе ја повика Украина да потпише капитулација“, изјави Медведев.

Рускиот пратеник Олег Матвеев изјавите на Трамп ги нарече „бесмислени“.

— реклама —

„Тој е генератор на случајни фрази. Никогаш нема да каже нешто судбинско што навистина ќе промени нешто“, изјави тој.

Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за меѓународни прашања во Думата, оцени дека изјавите на Трамп се полни со контрадикторности и претставуваат „опасна заблуда“ во врска со наводниот економски пад на Русија и „бесмисленоста“ на војната.

— реклама —

Државниот пропагандист Владимир Соловјов на својата телевизиска емисија го нападна Трамп, обвинувајќи дека Украина и европските сојузници го манипулираат американскиот претседател. Тој ги нарече реакциите на европските лидери „хистерични напади против Трамп“.

Необично острите изјави од Москва, како што забележува „Kyiv Independent“, укажуваат на чувствителност кон зборовите на Трамп, иако досега руските функционери често внимаваа да избегнуваат јавни конфронтации.

Оваа дипломатска размена следи откако напорите на Трамп за мировен процес пропаднаа, бидејќи Москва го одби прекинот на огнот и значајни преговори. Зеленски повтори дека е подготвен за средба со Путин само на неутрална територија, додека Кремљ инсистира на максималистички услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања