Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мотоциклист удрил во полицаец и почнал да бега, фрлил торба со таблети додека бегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryo1at94n1ndshfwC18at

На 10 јуни 2026 година, околу 18:50 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б. (26) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, претходно, околу 18:20 часот на булеварот „Партизански одреди“, тој, управувајќи мотоцикл, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле на службени мотоцикли, туку продолжил со движење.

— реклама —

Набргу потоа, откако бил пристигнат од полициските мотоцикли, 26-годишникот намерно удрил во еден од нив, при што и тој и полицискиот службеник паднале на коловозот. По судирот, тој го напуштил местото на настанот.

Во инцидентот, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

— реклама —

По преземени мерки и активности, осомничениот бил пронајден и приведен. При неговото лишување од слобода, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Дополнително, полицијата ја пронашла и торбичката што ја фрлил додека бегал со мотоциклот, во која имало повеќе од 100 таблети.

— реклама —

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 16 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања