Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Можеби две години опоравување“: Меѓународната агенција за енергија алармира за последиците од кризата на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library06go5cls328ccyseqYv

Светот мора да се подготви за значително повисоки цени на енергијата доколку не се обезбеди непречен проток низ Ормутскиот теснец, предупреди извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол.

— реклама —

Тој истакна дека, дури и во случај клучната поморска рута повторно да биде ставена во функција, цените нема веднаш да се вратат на претходните нивоа, додавајќи дека енергетските пазари ќе останат нестабилни подолг временски период.

— реклама —

Бирол оцени дека светските пазари досега делумно го потценувале влијанието на конфликтите на Блискиот Исток, објаснувајќи дека дел од ефектите биле ублажени поради веќе испратените танкери со нафта и гас, додека нови испораки не биле реализирани во последниот период.

— реклама —

Тој предупреди дека закрепнувањето на производството на енергија во регионот би можело да трае околу две години, при што динамиката ќе се разликува од држава до држава, наведувајќи дека во Ирак процесот би бил значително побавен отколку во Саудиска Арабија.

Бирол дополнително нагласи дека глобалната економија е силно зависна од Ормутскиот теснец и дека постои ризик „глобалната економија вредна 110 билиони долари“ да стане заложник на геополитичките тензии, оценувајќи дека ризикот одамна бил потценет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања