Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Му се скршил ножот додека ја убивал мајка си, па продолжил со ножици – Петар Станковски доби доживотен затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Основниот суд во Гевгелија донесе првостепена пресуда со која на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци му е изречена доживотна казна затвор за убиството на неговата мајка.

— реклама —

Според обвинението, злосторството било извршено на 11 јануари годинава во стан во Богданци, каде што двајцата живееле како потстанари. По расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, во еден момент тој зел нож од кујната со кој ѝ нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале, од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала. По настанот, самиот се пријавил во полиција.

— реклама —
— реклама —

Обвинителството го товареше Станковски за кривичното дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, а пресудата е донесена откако тој пред судот целосно ја признал вината.

— реклама —

Од Основниот суд во Гевгелија информираа дека обвинетиот ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora-apsenje

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров: Четворицата осомничени можат да добијат и доживотен затвор

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 месец

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања