Промени тема
Контакт

Муцунски и Ландау ја реафирмираа соработката меѓу Македонија и САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library4ou5qbkpdupk5FkIJKN

Македонија ја зацврстува својата позиција како кредибилен сојузник на САД преку Стратешкиот дијалог, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ја предводи владината делегација на втората сесија од дијалогот во Вашингтон.

Во рамки на посетата, Муцунски остварил средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, при што била реафирмирана заедничката определба за силно и долгорочно партнерство меѓу двете земји.

„Во Вашингтон ја предводам делегацијата која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ја отворивме заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Овој дијалог претставува важен формат за унапредување на билатералната соработка и потврда за силното сојузништво и стратешко партнерство“, напиша Муцунски на фејсбук.

Тој посочи дека разговорите се насочени кон клучни области, меѓу кои глобалните и регионалните прашања, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, сајбер и дигиталната безбедност, како и зајакнувањето на граничната безбедност и справувањето со прекуграничните закани.

„Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски. Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот“, пишува во објавата на Муцунски.

— реклама —

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретнал со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, при што била потврдена заедничката заложба за силно и долгорочно партнерство.

„Остварив билатерална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет. Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува важен исчекор во унапредувањето на билатералните односи“, наведува Муцунски во објавата на фејсбук.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата било констатирано дека во наредниот период приоритет ќе биде спроведувањето на стратешкото партнерство, со конкретни и проширени форми на соработка во области од заеднички интерес, во корист на граѓаните на двете земји.

Разговорите опфатиле и соработка во рамки на НАТО, унапредување на економските односи по усогласувањето на рамката за реципрочна и избалансирана трговија во февруари 2026 година, како и прашања поврзани со енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и регионалната поврзаност.

„Разменети беа и мислења за состојбите во регионот на Западен Балкан и процесот на европска интеграција. Воедно, министерот Муцунски истакна дека од особена важност за регионот, особено во контекст на актуелните глобални безбедносни предизвици, е континуираното присуство и ангажман на САД, како клучен фактор и гаранција за регионалната стабилност“, пишува во соопштението на Министерството.

— реклама —

Муцунски ја предводи владината делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот.

Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека Македонија е прва европска земја која во Вашингтон реализира ваква сесија во мандатот на актуелната администрација. Дијалогот се оценува како важна платформа за продлабочување на соработката во клучни области и потврда за долгогодишното сојузништво и стратешко партнерство меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

(Фото) Мадуро објави фотографии од затворот во Њујорк: „Остануваме цврсти“

Свет | пред 17 часа

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Германија гради 99 центри за податоци: Берлин сака да ја намали зависноста од САД и Кина

Свет | пред 1 ден

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

„Касичката е скршена“: Војната со Иран создаде сериозен финансиски притисок врз морнарицата на САД

Свет | пред 3 дена

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп подготвува нови царини: На удар чиповите, компјутерите и серверите

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања