Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3588

,,Дозволете на почетокот на оваа прес конференција најпрво да му честитам на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија за високата демократска свест манифестирана преку голема излезност. Со тоа народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува правецот во кој треба да се развива нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја видиме напредна земја со европски стандарди во правото, здравството, образованието, земјоделието и сите други области значајни за граѓаните.

Од аспект на изборниот процес, тој помина генерално во фер и демократска атмосфета, со низа помали прекршувања, пред се предизвикани од партиите на власт и нивните активисти.

— реклама —

Имено од досегашните податоци за нерегуларности кои ги имаме добиено од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во општина Сарај, но и импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето Гоце Делчев во Гостивар. Исто така забележани се случаи на семејно и колективно гласање, за кое истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи.

На неколку избирачки места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на убиг апаратите или немање на печат. Во едно избирачко место бидејќи немале печат избирачкиот одбор добил насоки од ОИК гласањето да продолжи, па после гласањето да се стави печат. При примопредавањето на изборниот материјал не биле потпишани сите субјекти.

— реклама —

За сите забелешки, но и оние кои ќе ги добиеме, како партија соодветно ќе постапиме пред надлежните институции, затоа што во наш, но и во интерес на Македонија е да имаме кристално чист изборен процес, процес кој според нас треба да заврши со победа на Македонија и визијата за реформи, правда.

— реклама —

Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, процес кој повторно Македонија ќе ја направи горда.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Македонија | пред 13 часа

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

„Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 13 часа

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања