Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Муцунски за случајот со Ива Михаилова: Непристојно е земја членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarynm4cee8u134m8ecSuUy

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оцени дека е непристојно земја членка на Европската Унија да стане прибежиште за лица осудени за кривични дела или за кои се водат судски постапки. Сепак, тој нагласи дека Македонија нема намера да се вмешува во политичката кампања во Бугарија, каде што се одржуваат претседателски избори.

— реклама —

На заедничката прес-конференција со словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, Муцунски истакна дека Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, очекува и земјите членки да ги почитуваат највисоките стандарди за владеење на правото.

— реклама —

Тој потврди дека дијалогот со Бугарија за евроинтеграциите продолжува, како и комуникацијата со европските институции и земјите членки, од кои е потребен консензус за одлуките поврзани со пристапувањето на Македонија во Унијата.

— реклама —

Муцунски најави дека во декември би можел да се сретне со бугарската колешка Велислава Петрова, на маргините на меѓународни средби. Посочи дека сака отворено да разговараат за европскиот пат, но и за прашањата што ја загрижуваат Македонија во односите со соседна Бугарија.

„Ние по однос на европскиот пат немаме никаква алтернатива“, порача Муцунски, додавајќи дека нема да дозволи неговата изјава да стане дел од политичката кампања во Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, следното рочиште е на 9 ноември

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydr7epah2tuecantLr1W

Констатирани се прекршоци во случајот со докторот Барбов и Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

media-library9rhel10svh4u4VW869B

„Случајот со Ива Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата“, рече Клековски по посетата на Софија

Македонија | пред 1 седмица

media-library8c05lh8p2tn57MS9a24

„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер за случајот со Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања